Бетонирани два нови крака од улицата „Серменинска“
Со пролетната акција на Општина Гевгелија
за подобрување на локалната патна инфраструкура, нов лик добија уште два крака од улицата „Серменинска“. Градежните активности за бетонирање на овие два крака ги изврши фирмата „Мансард“, која, годинава, со најповолна понуда на тендерска постапка е избрана за бетонирање на помали улици и краци во општина Гевгелија.
Како што најави градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, со пролетната акција за подобрување на локалната патна инфраструктура во наредниот период ќе биде обновена и улицата долж дворот на ООУ „Владо Кантарџиев“, бетонирани два крака на улицата кај хотелот „Paint it Black “, како и крак на улицата што води кон Затворот. Предвидено е и уредување на тротоари на повеќе улици, како што се улиците: „Илинденска“, „Јосиф Јосифовски“, „Загребачка“, потоа на улицата „Мицо Шаренков“, а нови тротоари ќе бидат уредени и на улиците „Сава Михајлов“ и „Леонид Јанков“. Станува збор за уредување на тротоари со павер-елементи.