Градење на капацитетите на Локалните акциски групи
ЛАГ „Бојмија“, во периодот од 10 до 13 мај,
е ко-организатор на четиридневна работилница за градење на капацитетите на Локалните акциски групи. Работилницата се состои од 4 модули на тема „Што значи да си рурален аниматор?“. Од основата за анимирање на рурална средина, преку мапирање, познавање и идентификување на потребите во локалната заедница, до градење локални партнерства, учесниците од 5 ЛАГ-а ќе работат во групи, ќе дискутираат и презентираат, со цел градење на капацитетите и стекнување искусто за аниматори.
Во делот на применување пракса планирана е и посета на село Серменин како можност за консултација со специфични, реални проблеми на руралното население. Работилницата е организирана од страна на Мрежата за рурален развој на Република Северна Македонија, поддржана од GIZ - Германското друштво за меѓународна соработка, а ќе се одржи во хотел „Аполонија“.