Полицијата на првата борбена линија за време на пандемијата
Градоначалникот на општина Гевгелија,
Сашо Поцков, заедно со претседателот на Советот на општина Гевгелија, Тодор Ристов, денес го посетија ОВР- Гевгелија и на припадниците на полицијата им го честитаа Празникот на полицијата. Притоа, градоначалникот Поцков на началникот на ОВР- Гевгелија, Антонио Карапеев и командирот на ПС- Гевгелија, Миле Ангелков, а воедно и на сите полициски службеници, им изрази благодарност за досегашниот ангажман и спроведуваните активности чувањето на јавниот ред и мир, грижата за безбедноста на граѓаните и за успешното учество во работата на Општинскиот штаб за заштита и спасување и спроведувањето на мерките за спречување на ширењето на Корона вирусот на територијата на општина Гевгелија.
- Припадниците на полицијата при ПС, ОВР- Гевгелија ги ставија сите свои капацитети на располагање, во служба на граѓаните како би го спречиле нарушувањето на јавниот ред и мир и загрозувањето на безбедноста. Посебно, во последната година и пол, за време на КОВИД-пандемија. И, тоа на првата борбена линија, одговорајќи на висина на задачите со својата професионалност, ефикасност и организација на животното функционирање во вонредни околности. На сите припадници на МВР им посакувам многу успех и континуитет во вршењето на задачите, осигурувајќи ја нашата безбедност и истата ја подигнат на повисоко ниво!
Денот на полицијата во ОВР- Гевгелија беше одбележан со полагање на цвеќе на Спомен- бистата на Ѓорге Стамов.