Социјализирање и инклузија на 53 лица со посебни потреби во ЈИПР
Четирите Дневни центри за поголема
социјална инклузија на лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион, меѓу кои и Дневниот центар за деца со посебни потреби- Гевгелија, се опремени со иновативни реквизити и реквизити за достапност, како и за професионална ориентација и рехабилитација. Опремувањето е во рамки на проектот „Создавање на подобри услови за лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион”, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Во рамки на буџетот од 2.360.256 денари набавени се три сета сито-печат со потребни репро материјали, три грнчарски вртникови колца, два разбоја, 54 силиконски модли четири компјутери, три принтери, две интерактивни табли како и три сетови репро материјали за изработка на магнетни украси и глинени украси. Набавена е и опрема и реквизити за психомоторен развој и вршење на останати едукативно-културни активности: два кошa, четрири кошаркарски топки, една ролер слајд лизгалка, една лулашка, еден сунѓераст тунел, еден базен со топки, една алпинистичка карпа, три трицикли, еден активити панел, 16 подни подлоги, една трака за трчање, 10 столчиња, две маси како и три лифткари.
Исто така, одржани се 12 обуки за четворица вработени, четири волонтери и 17 корисници од Дневен центар- Гевгелија, четворица вработени и 11 корисници од Дневен центар- Струмица, еден вработен, еден волонтер и 15 корисници од Дневен центар- Радовиш, тројца вработени и 10 корисници од Дневен центар- Валандово со цел збогатување на секојдневните активности и благосостојбата на лица со посебни потреби со воведување на рекреативни, културни и професионално-ориентирани реквизити и опрема и опрема за достапност.
Според министерот за локлана самоуправа, Милевски, со набавка на предвидената софистицирана иновативна опрема избрана согласно потребите на корисниците, нивниот развој, возраст и попреченост, ќе се овозможи професионално насочување за оспособување на лицата со посебни потреби и нивно идно вклучување во пазарот на трудот, за психомоторен развој и достапност до нивна посакувана локација.