Градење на капацитетите на ЛАГ-овите за застапување на ЛЕАДЕР пристапот
Локалните акциски групи:
„Бојмија“, „Беласица- Огражден“, „Малеш - Пијанец“, „Плачковица“ и „АБЕР 2015“ деновиве учествуваат на работилницата „Градење на капацитетите на ЛАГ-овите“. Плодна дискусија, презентации, забелешки и коментари вродија со изработка на SWOT анализа на тематската група за LEADER, целни групи за анимирање, промовирање и застапување на LEADER пристапот во нашата држава, како и акционен план со поставена временска рамка на тематската група за LEADER.
Во делот на применување пракса, денес тематската група ќе анимира дел од руралното население во гевгелиската околина, со можност за консултација со специфични, реални проблеми.
Работилницата која ја соедини неформалната тематска група составена од членови на овие 5 ЛАГ-а на повторна средба е организирана од страна на Мрежата за рурален развој на Република Северна Македонија, поддржана од GIZ - Германското друштво за меѓународна соработка, а се одржува во хотел „Аполонија“.