Бетониран и ограден дворот во Подрачното училиште во Прдејци
Во Подрачното училиште во Прдејци,
при ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, извршено е бетонирање и оградување на училиштниот двор од северната страна. Како што истакна директорката Жаклина Линкова, секоја година, матичното училиште издвојува средства од сопствениот буџет, се со цел да се подобри училишната инфраструктура и во помалите рурални средини која ќе овозможи подобри услови за одвивање на воспитно-образовниот процес. Со овој зафат, дворот во Подрачното училиште во Прдејци доби нов, уреден лик.
Имено, минатата година, во рамките за подобрување на условите во Подрачното училиште во Прдејци, беше обновен училиштниот инвентар со нови клупи за седење и столчиња за учениците од прво до трето одделение кои следеа настава со физичко присуство. Претходно, во ова училиште, за потребите на учениците и наставниците беа набавени нови табли и ЛЦД- телевизори за реализирање на ИКТ наставата.