Повик за сите заинтересирани за образовни асистенти
За првпат, годинава, почнувајќи од
новата учебна 2021/2022 година, преку Министерството за образование и наука, ќе бидат ангажирани лица- образовни асистенти. Нивната улога ќе биде образовна асистенција за учениците со попреченост активно да учествуваат во воспитно-образовниот процес.
Ангажманот на образовните асистенти за Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и нашата општина, ќе се реализира преку ООУ со ресурсен центар „Св. Климент Охридски“- Ново Село, а услугата ќе се спроведува во основните училишта на подрачјето на општина Гевгелија.
За подетални информации околу условите, начинот и постапката за ангажирањето образовни асистенти кликнете на следниов линк: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА.