Општина Гевгелија ќе биде дел од Сончевата гора
Преку еко-акцијата „Генералка викенд“ што ја
организираше „Мен енд маунтен“ во соработка со 10 општини, меѓу кои и Општина Гевгелија, се собрани повеќе од 175 тони ѓубре на 70 локации во градот. Во првиот дел од годинашната акција која се спроведе од 6 до 16 мај, учествуваа 1.000 членови на невладини организации, спортски клубови, училишта, градинки, еколошки здруженија, вработени во општините, „сончеви пионери“ и претставници од „Мен енд маунтен“. Тие собираа отпад на повеќе од 70 локации во: Дебар, Демир Капија, Гевгелија, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Штип, Струмица, Охрид и во Велес. Собрале: 5.350 кг. пластика, 3.955 кг. хартија, 73 кг. лименки, 2.038 кг. стакло, 360 кг. електронски отпад, 163.405 кг. комунален отпад. Истиот отпад е собран, измерен и рециклиран од страна на „Пакомак“. Oпштина Гевгелија ќе биде дел од шумата „Сончева гора“, каде ќе бидат засадени дрвја, обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ. Како што истканаа организаторите за секои 10 килограми собрано ѓубре ќе биде донирано по едно дрво, една садница. Дрвјата ќе бидат засадени на локација која допрва ќе се одреди, а ќе биде спроведена во ноември, како втор дел од еколошката акција.
Под мотото дека и малата идеја може да направи големи промени, ако почне да се работи на неа, Гордана Софија и Ханес Јаецкл од „Мен енд маунтен“ кои ја организираа акцијата исктакнаа:
- Ова е најголемата акција за чистење и селектирање отпад во историјата на нашата земја! „Зелена сончева“ треба да прерасне во национална традиција. Секоја пролет ќе биде одреден викенд кога граѓаните ќе ја чистат нивната околина од отпад и за секои 10 килограми отпад секоја есен ќе биде засадено по едно дрво.
Инаку, преку еко-акцијата „Генералка викенд“ во општина Гевгелија беше исчистена локација кај старата Касарна. На еко-акцијата учествуваа вработени од Општина Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“, членовите на Советот на Општина Гевгелија и претставници од: училиштата, планинарските друштва, невладините организации, Црвен крст- Гевгелија, Центарот за деца со посебни потреби „Мајка Тереза" и доброволно пријавени граѓани.