Непречено се одвива имунизацијата против КОВИД-19 во Општата болница- Гевгелија
Непречено се спроведува масовната имунизација
на граѓаните од општините Гевгелија, Богданци и Дојран во Општата болница- Гевгелија со кинеската вакција „Синовак“. Во двата Вакцинални пункта, во Општата болница- Гевгелија, дневно се вакцинираат по 400 граѓани кои добиле термин на веб-страната vakcinacija. mk и преку системот „Мој термин“. По спроведувањето на имунизацијата на пријавените граѓани, во Општата болница- Гевгелија ќе може да се вакцинираат и другите граѓани кои не закажале термин. За што, граѓаните ќе бидат благовремено известени, информираат од раководството на Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Паралелно се одвива и вакцинацијата и ревакцинација со „АстраЗенека“ за лицата над 60-годишна возраст.
Директорот Крџев упати апел до сите граѓани на трите општини, да се придржуваат до закажаниот термин за вакцинација, да не доаѓаат пред време пред двата вакцинални пункта во Општата болница во Гевгелија, како би се избегнале непотребните гужви и нервози на овие високи летни температури.