Запишани 173 ученика во прва година средно образование во СОУ „Ј. Јосифовски“- Гевгелија
Во трите јунски рока за упис на
ученици во прва година средно образование, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија се запишале вкупно 173 ученици. Од кои, 59 ученика за гимназиското образование (4- насока ПМА, 11- насока ПМБ, 18- насока ПМБ, и 12- насока ОХА/ПМБ), 23 за физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра, 35 за економски техничар, 25 за хотелско-туристички техничар, 10 за готвач-келнер и 21 ученик за машински техничар за моторно возило. Додека, за струката автомеханичар/заварувач не е запишан ниту еден ученик.
Инаку, според Конкурсот, вкупно 286 ученика во 10 паралелки можат да се запишат во СОУ„ Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, каде од оваа година се воведува и Здравствена струка со образовен профил физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра каде треба да се примат 25 ученика. Освен за ова струка, во СОУ „Јосиф Јосифовски“ по 50 места има за: Угостителко - туристичка струка, Машинската струка и Економско - правната. Додека, за Гимназиско образование има места за 102 ученика во 3 паралелки и една со 34 ученика која ќе биде македонско - француска билингвална паралелка.