До 1 август, забелешки и предлози по возниот ред за железничкиот патнички сообраќај
Железници на РСМ Транспорт АД Скопје
до Општина Гевгелија достави проект за возен ред, за 2021-2022 година. Имено, од Секторот за патнички сообраќај информираат дека возниот ред е планиран и изработен врз основа на статистичките показатели на бројот и токовите на патници и врз основа на расположливите технички капацитети со кои ЖРСМ Транспорт АД Скопје располага. Доколку граѓаните од општина Гевгелија имаат забелешки или нови предлози по проектот за возниот ред, истите да ги достават до 1 август, 2021 година по електронски пат, на следниве е-маил адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; или писмено на следнава адреса со назнака: ЖРСМ Транспорт АД- Скопје, Патнички сообраќај „3-та Македонска бригада“ бб 1000 Скопје.
Возен ред за релација СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА, 06:23 и 16:55 ч.
Возен ред за релација ГЕВГЕЛИЈА- СКОПЈЕ, 04:26 и 16:55 ч.
За увид во целиот проект за возниот ред кликнете на следниов линк: ПРОЕКТ ЗА ВОЗЕН РЕД 2021/22 .