Досега, потрошени 344 дози преку теренското вакцинирање
Oд почетокот на теренската вакцинација против
КОВИД-19 до петокот, изминатата недела, се потрошиле 344 дози, истакнаа од Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Согласно планот за теренската вакцинација, денеска медицинска екипа е на терен во населените места Негорци и Кованец. Имено, досега преку теренската вакцинација, имунизирано е населението од населените места во општина Гевгелија и тоа: Богородица; Стојаково, Селемлија, Милетково, Миравци, Давидово, Габрово и Петрово.
Во наредните денови, теренската вакцинација ќе се спроведува според следниот распоред:
20 јули, 2021: 08:00-11:00 ч.- Нов Дојран;
11:00-13:00 ч.- Стар Дојран;
21 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Мрзенци;
10:00-12:00 ч.- Прдејци;
12:00-13:00 ч.- Смоквица;
22 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Николиќ;
10:00-11:00 ч.- Црничани;
11:00-12:00 ч.- Ѓопчели;
23 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Фурка;
10:00-12:00 ч.- Ѓавото;
26 јули, 2021: 08:00-12:00 ч.- Богданци;
27 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Моин;
10:00-12:00 ч.- Ново Конско.
Според дадените податоци од Општата болница, досега во двата вакцинални пункта во Гевгелија, прва доза вакцина против КОВИД- 19 примиле 5785 граѓани, а втора доза примиле 1875 граѓани. Населението не постаро од 60 години се вакцинира со кинеската вакцина „Синовак“, додека населението од 60 години нагоре со „Астра Зенека“.