Се асфалтираат улиците на „Караорман“
Во станбената населба „Караорман“ во Гевгелија денеска
привршуваат градежните работи од првата фаза за асфалтирање на улиците „Апостол Петков“ и „Павел Шатев“. Станува збор за асфалтирање во должина од 400 метри. Имено, во втората фаза ќе се доасфалтираат останатие 450 метри. Афалтирањето уследи по тампонирањето, нивелирањето и поставувањето бетонски рабници на двете улици, а изведувач на работите е градежната фирма „Еуроинг“, избрана со најповолна понуда на тендерската постапка.
Со завршување на изведбените работи на улиците, жителите на станбената населба „Караорман“ добиваат комплетна патна и комунална инфраструкура. Комуналната инфраструктура беше пуштена во пресрет на Општинскиот празник- 7 Ноември, со која на жителите им се обезбеди вода за пиење и канализирање на отпадните води.
- Улиците во станбената населба „Караорман“ во Гевгелија полека ја добиваат својата завршница. По долгогодишниот проблем со платениот комунален надомест, а немањето комунални услуги, станбената населба веќе ги исполнува сите основни услови за живот на станарите- обезбедена комунална и патна инфраструктура. За тоа зборува големиот интерес на граѓаните за домување во оваа станбена населба.
Да се потсетиме, минатата година беше пуштена во употреба новата комунална инфраструктура, со која се обезбедува вода за пиење и канализирање на отпадните води. За реализацијата на овој зафат беа вложени 9,5 милиони денари. Нашата цел е најдоброто за граѓаните, затоа што нивните приоритети се наша одговорност, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.