Јавниот повик за членови во Иницијативниот одбор за Младински совет ќе биде продолжен
Поради недоволниот број пристигнати апликации
на Јавниот повик за членови на Иницијативен одбор за формирање на Локален младински совет, Општина Гевгелија ги информира сите млади, без разлика дали се дел од младински организации од каков било карактер, дека повикoт ќе биде продолжен. Повикот ќе биде отворен од 26 јули (понеделник) и ќе трае 16 работни дена, заклучно до 16 август, 2021 година (петок).
Иницијативниот одбор ќе го води основањето на Локалниот младинскиот совет и неговите активности, се' до формирањето на Локалното собрание за млади. Ќе работи на креирање на структурата на телата и промоција на потребата од младинско организирање и младинско учество на локално ниво, согласно Законот.