Од утре (29 август), започнуваат обуките за реонските попишувачи во Пописен реон бр. 11
Денеска, завршија подготовките во врска со пописните
активности. Со одлука на директорот на Државниот завод за статистика е потврден изборот на 88 реонски попишувачи и еден реонски попишувач- резерва, кои ќе ги спроведуват Пописот на населението, домаќинствата и становите на подрачјата на општините Гевгелија и Дојран (Пописен реон бр. 11). Конечниот список ќе биде објавен дополнително на официјалната веб-страна на Општина Гевгелија.
Инаку, сите избрани реонски попишувачи за активностите со тридневната обука се известени од страна на Комисијата на Пописен реон бр.11 на нивните е-маил адреси кои ги оставиле за контакт во електронската пријава. Утре, недела (29 август, 2021 година), во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“, од 09:30 до 10:00 часот, избраните попишувачи ќе бидат задолжени со компјутерска опрема и материјали, а од 10:00 часот ќе започнат со следење на задолжителната обука.