Акција на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за чистење на сливниците и одводните шахти
Во тек е акција на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за проверка и
чистење на сливниците и одводните шахти во општината за полесно канализирање на атмосферската вода за време на дождовите. Акцијата ја започнаа со механизација за чистење на шахтите и сливниците по улиците на потегот од Железничката станица до градските гробишта. А во наредниот период, ќе продолжат и на останатите улици во градот.
Имено, вчера, во попладневнитеГевгелија беше зафатена од кратко невреме со дожд проследено со грмотевици. Според податоците од мерните места што ги објави Управата за хидрометеоролошки работи, за 10 минути во Гевгелија наврнале 8 л/м2. Поројниот дожд не предизвика материјални штети. Поради проблемот со слевање на атмосферската вода, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија интервенираше со чистење на одводната шахта на улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија.