5 кандидатури за Градоначалник на општина Гевгелија и 6 листи со кандидати за членови во Советот на Општина Гевгелија
Согласно крајниот рок за доставување на потребната
документација, до 11 септември, од Општинската изборна комисија Гевгелија информираат дека до нив од страна на политичките партии се доставени 5 пријави за кандитатура на Градоначалници и шест пријави за Советнички листи. Кои, ќе се борат за локална власт на 17 октомври, 2021 година, по потврдувањето на листите од ОИК.
За Градоначалник на општина Гевгелија, пријава доставиле 5 кандидати од редовите на: СДСМ, ВМРО-ДМНЕ, ЛДП и ДОМ, ИНТЕГРА и Независната советничка листа Томе Кичуков со нивните коалициони партнери. И тоа: Сашо Поцков од СДСМ, Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Петков од ЛДП И ДОМ, Љупчо Кадиев од ИНТЕГРА и Глигор Петков од Независната советничка листа Томе Кичуков.
Додека, листи со кандидати за членови во Советот на Општина Гевгелија до ОИК доставиле ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА, ЛДП И ДОМ, Независната советничка Томе Кичуков и Интегра. Носители на листите се: Патрик Матх од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Атанасов од СДСМ, Саше Јанчев од ЛЕВИЦА, Петар Апостолов од ЛДП И ДОМ, Томе Кичуков од Независната листа на советници и Ристо Апостолов од ИНТЕГРА.
Од страна на ОИК, листите ќе бидат доставени до Државната изборна комисија за да биде извршено ждребување, по кој ќе се утврди редоследот на политичките партии, добивајќи ист реден број во сите општини. По ждребувањето, листите официјални ќе бидат објавени на веб-страната на ДИК и огласени од страна на Избирачките одбори.