Советот на општина Гевгелија ќе расправа за програмите за развој во 2019 година
Советот на општина Гевгелија, својата 19.седница ќе ја одржи на 14 ноември 2018 година (среда). На оваа седница, која започнува во 11 часот,
Советот на општина Гевгелија, треба да расправа и да го донесе Планот за програми за развој на општина Гевгелија во 2019 година.
Станува збор за стратешки документ кој ги содржи капитални развојни проекти што треба да се реализираат во текот на идната, 2019 година. Покрај ова на дневен ред ќе се најдат и други предлог-одлуки и предлог-решенија.
Советот на општина Гевгелија на наредната седница ќе работи по следниуот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за одобрување позајмица на средства за реализација на Проектот "Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион за подобра видливост и пристап", реф. бр.CB006.1.21.183,
2. Предлог-Одлука за усвојување на Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување во општина Гевгелија во 2018 година,
3. Предлог-Одлука за одобрување на Планoт за програми за развој на општина Гевгелија за 2019 година,
4. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на финансовиот план на СОУ "Јосиф Јосифовски"-Гевгелија за 2018 година по ставки и потставки,
5. Предлог-Решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број ученици во СОУ "Јосиф Јосифовски"-Гевгелија за учебната 2018/2019 година,
6. Предлог-Информација за состојбата со изграденоста на архитектонските бариери за лицата со посебни потреби во општина Гевгелија.