Нови канализациски линии
Во текот на изминативе десет месеци од 2018 година во Гевгелија беше изградена нова канализациска линија во должина од 135 метри,
а во вредност од 337.534 денари. Акцијата за изградба на нови фекални канализации продолжува и понатаму, а во тек се подготвителните работи за целосна реконструкција на канализациската линија на улица „Ѓоко Тутушев“, како и изградба на нова канализациска линија на улица „Никола Узунов“.
Значително интензивирање на активностите околу изградбата на нови канализациски лини се очекува по набавката на новиот ровокопач во ЈПКД„Комуналец“ со што ќе се создадат можности завршување на сите комунални зафати.