Поголеми олеснувања за инвалидизираните лица
Советот на општина Гевгелија на вчерашната седница расправаше за информацијата на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи
од Гевгелија за состојбата со изграденоста на архитектонските бариери за лицата со посебни потреби.
Во некои државни и локални установи поставени се рампи за инвалидизирани лица, а неодамна ваква рампа осамна и на влезот од Народниот театар во Гевгелија. Меѓутоа, потребни се и други мерки и активности за да им се олесни пристапот на инвалидизираните лица до локалните и државни институции во Гевгелија,
Во расправата беше укажано на потребата од интервенција на повеќе тротоари, односно спуштање на рабниците од троатоарите во поширокото градско подрачје , како би можеле лицата со инвалидски колички, со штаки и патерица, непречено да се движат, Исто така, беше речено дека покрај постојните паркинг мста во центарот на градот наменети за инвалидизирани лица да се определат дополнителни.