Распределба на картичките за „зелена нафта“ во Подрачната единица Гевгелија на МЗШВ
Министерството за земјоделство, шумарство и
водостопанство- Подрачна единица Гевгелија ги информира сите земјоделски производители на подрачјата на општините Гевгелија, Богданци и Дојран кои пријавиле и користеле субвенции за 2020 година (а не се корисници на мерката 1.18) дека во тек е делењето на картичките за зелена нафта. Сите корисници можат да ги подигнат картичките во просториите на Подрачната единица со документ за идентификација- лична карта, почитувајќи ги мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19. Според податоците од МЗШВ- ПЕ Гевгелија, картички за „зелена нафта“ ќе добијат околу 1300 земјоделци од Гевгелија, Богданци и Дојран.
Корисниците на мерката „зелена нафта“ пред да почнат со искористување на средствата, откако ќе ја активираат картичката на најблиската бензинска, потребно е да направат и споредба на сумата која им е на картичката со сумата која ја имаат во решението. Како и минатите години, и оваа година важат истиот начин и принцип на користење на картичките. Крајниот рок за искористување на средствата кои се на располагање на „зелената картичка“ е до крај на април, 2022 година.
Оваа година како и лани, државата субвенционира 50% од трошокот за нафта, што на земјоделците им дава можност да точат гориво за цена која е половина поевтина од пазарната. Над 40.000 земјоделци или точно 40.620 земјоделци ќе добијат картички за зелена нафта, а вкупната вредност на оваа мерка е 200 милиони денари или близу 3,2 милиони евра.