Почна реконструкцијата на патот Гевгелија-Негорци
Почна реконструкцијата на регионалниот пат Гевгелија-Негорци, која е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на РМ,
која се реализира на територијата на општина Гевгелија, а за која се издвоени вкупно 180 милиони денари.
По гребењето на стариот асфалт и негово тампонирање, целиот пат, во должина од 6,5 км ќе добие нова асфалтна маса. Целата реконструкција ќе чини 90 милиони денари, а изведувач е фирмата „Жикол“. Изведбените работи се предвидува да завршат за три месеци.
На почетокот од летото беше извршена санацијата на регионалниот пат Миравци-Давидово, а веднаш потоа и реконструкција и асфалтирање на регионалниот пат Прдејци-Смоквица што го изведуваше ЈП„Македонија пат“. Сите постапки за изборот на изведувач ги организираше Јавното претпријатие за државни патишта, кое што ја реализира својата програма за 2018 година, со финансиска поддршка од Министерството за транспорт и врски на РМ.