И децата од претшколска возраст со активности ја празнуваат Светската недела на детето
Детските градинки од општина Гевгелија започнаа со активностите
за одбележување на Светската недела на детето. Под мотото „Детето е дете да го сакате и разберете“, денеска, активностите започнаа со разговор посветен на Конвенцијата на детските права и обработка на стихотворба на истата тематка.
Во наредните денови од неделата, до 9 октомври, за децата од претшколската возраст се предвидени и активности од областа на спортот и културата. Како детска олимпијада под мотото „Спортувам, се движам, за здравјето се грижам“, куклена претстава на тема „Детските права не се учат, туку се живеат секој ден“, музичка точка „Нека победи највеселиот“ и активности од областа на ликовната уметност со со мотото „Имам право да празнувам“. Предвидена е активност- црнатање со креди во дворот по повод државниот празник 11 Октомври на тема „Знамето на мојата татковина“со мотото „Имам право да празнувам“.