Градоначалникот Сарамандов во посета на првото новородено бебе во општина Гевгелија
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
денеска, ги посети мајката и првото новороденче во Општата болница во Гевгелија. Притоа, на родилката и ги врачи ваучерот од 10.000 денари и други подароци за прво родено бебе во Новата 2022 година, жител на општина Гевгелија. Сарамандов и ја честита првата рожба на Пепита Спасова, посакувајќи му на бебето здравје, среќа и безгрижно детство.
Имено, Општина Гевгелија, во попладневните часови од 1 јануари, 2022 година, го доби новиот жител. Mајката Пепита Спасова од Давидово на свет донесе здраво, машко дете, тешко 3 килограми и 150 грама, а долго 50 цм. Породувањето е извршено во Одделот за гинекологија и акушерство, во ЈЗУ Општата болница со проширена дејност во Гевгелија. Новороденчето е прво дете на брачниот пар Спасови од населеното место Давидово.