Потврдена Омикрон варијантата на КОВИД-19 во општина Гевгелија
Според Извештајот на Институтот за јавно здравје,
Омикрон варијантата на КОВИД-19 е откриена и во Гевгелија, покрај во: Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани и Велес. Во извештајот до 16 јануари, за последните 14 дена, бројот на детектирани позитивни случаи изнесува 288 лица, а за последната недела 164 случаи. До 16 јануари, вкупниот број на активни случаи на подрачјето на општина Гевгелија изнесува 242.
Во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, на Одделението за неврологија кое во моментот функционира како КОВИД-болница, се третираат 12 пациенти со потешка клиничка слика под постојан медицински надзор и неколку пациенти во КОВИД-Модуларната болница. Додека, околу дваесеттина се на дневна терапија во КОВИД-Модуларната болница.