Со „Генералка викенд“, исчистени повеќе локации во општина Гевгелија
Викендот, во соработка со МАМ, Општина Гевгелија
беше дел од втората еко-акција „Генералка викенд“ која се реализираше на повеќе локации во градот Гевгелија. „Генералка викенд“ ги опфати поранешната Касарна, Археолошкиот локалитет „Вардарски Рид“ и влезот во Гевгелија, долж појасот покрај автопатот. Во чистењето на локакциите учествуваа вработени од Општина Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“, членовите на Советот на Општина Гевгелија и претставници на невладини организации, спортски клубови, како и доброволно пријавени граѓани.
- Целта на оваа акција е да придонесеме во подигање на јавната свест на сите нам, бидејќи сите треба да размислуваме и водиме сметка за нашите дејствија околу хигиената и чистотата на градот и населените места, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој учествуваше на втората по ред „Генералка викенд“ во општина Гевгелија.