Општина Гевгелија и ТППЕ- Гевгелија со апел до граѓаните за поголема внимателност од пожари
Поради престојниот период на пожари кој следи,
Општина Гевгелија и ТППЕ- Гевгелија упатуваат апел до граѓаните да внимаваат при посети во шумите и други пошумени или необраснати локации, да не користат запаливи материи кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.
Се предупредуваат патниците кои патуваат со автомобилски или железнички превоз да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари преку прозорците за да не се предизвикаат пожари долж патните комуникации. Лицата кои во периодот на зголемени надворешни температури мораат да спроведуваат работни активности во пошумени или други локации да не ги палат сртништата и да ги зголемат мерките на претпазливост за да не дојде до опожарување на околината.
Се замолуваат граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 193 и на 034/211-881.
Инаку, Територијалната противпожарна единица во Гевгелија е целосно подготвена за дејствување и заштита од пожари, во пресрет на летната сезона. Минатата година, се евидентирани вкупно 191 пожари. Од нив, главно поради екстремно високите температури во летниот период. На отворен простор се евидентирани 121 пожар, на објекти 44, на сообраќајни средства 5 и при технички интервеции во сообраќајни незгоди 9 и останато 12 пожари.
Само, на почетокот на август, минатата година, во период од два дена, 3 поголеми пожари избија на шумскиот појас покрај македонско- грчката граница, пожарот близу Богородица над хотел-казиното „Скај Синот Тип“ и на патниот правец Гевгелија- Негорци. При овие пожари беше зафатена огромна површина борова шума, некаде над 40 хектари.
ТППЕ- Гевгелија информира дека годинава, до јуни, се евидентирани 79 пожари.