Продолжен за 10 дена Јавниот повик за избор на членови во Локален младински совет
Поради недоволниот број апликации доставени на
Јавниот повик за избор на членови во Локален младински совет во Општина Гевгелија, траењето на повикот од денеска се продолжува за уште 10 дена, односно ќе заврши на 18 јули, 2022 година.
Заинтересираните кандидати потребната документација можат да ја достават во Архивата на Општина Гевгелија со назнака: „За Јавен повик за избор на членови во Локален младински совет“ или на е-mail адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .
Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Локалниот младински совет претставува тело на локалната самоуправа кое го сочинуваат млади претставници на различните форми на организирање во општината, кое има советодавна и застапувачка улога за прашањата од младински интерес кон локалната самоуправа. Вкупниот број на членови на ЛМС е различен во секоја општина - бројот на членови е непарен, не може да биде помалку од пет лица и да не надминува повеќе од една третина од членовите на Советот на Општината. Членовите на Локалниот младински совет, од своите редови бираат кој ќе биде претседател/ка и заменик-претседател/ка. Локалните младински совети се избираат од Локалните собранија на млади, а двегодишниот мандат на членовите се верифицира од страна на Советите на Општините.