Eдукативна акција на ОСБСП- Гевгелија за спречување сообраќајни незгоди
Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата
при Општина Гевгелија, во рамките на кампањата „Вози одморен“, реализираше теренска акција на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“. Во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патиштата и МВР, на возачите им беа поделени едукативни флаери со наведени мерки кои би ги спречиле сообраќајните незгоди. Поради тоа што заморот е една од главните причини за сообраќајни незгоди, особено во летниот период, исто така, на возачите им беа поделени и ваучери со кафе, бели маици, заштитни капи и ладна вода за справување со летните горештини.
„Бидете наспани кога тргнувате на пат! Вашиот живот и животот на вашите најблиски се во ваши раце!“- апелира Општинскиот совет за безбедност во сообраќакот на патиштата при Општина Гевгелија, потсетувајќи ги возачите на одговорно и примерно однесување во сoобраќајот, почитување на правилата и прописите.