Поради градежни зафати на улицата „7 Ноември“, на патниот правец Гевгелија-Негорци од вторник до петок изменет сообраќаен режим
Општина Гевгелија ги известува граѓаните
дека од утре до петок, ДТГ „Жикол“ ДООЕЛ Струмица ќе изврши прекоп на улицата „7 Ноември“, на патниот правец Гевгелија-Негорци, при изведба на градежни работи за конструкција на атмосферска канализација на улица „Серменинска“. Градежниот зафат опфаќа спојување со главниот колектор за атмосферска канализација согласно Проектот за изградба на атмосферска канализациона мрежа на улиците: „Никола Карев“, дел од „Серменинска“, „Димо Хаџи Димов и „7 Ноември“.
За таа цел, согласно календарот на активностите, во наведениот период на реализација на градежниот зафат е изработен сообраќаен проект за утврдување на временски режим на сообраќај:
- вторник, 04.10.2022 година, 08:00-12:00 часот, прекоп на улица „7 Ноември“ на лева лента на патен правец Гевгелија- Негорци;
- вторник, 04.10.2022 година, 12:00-16:00 часот, прекоп на улица „7 Ноември“ на десна лента на патен правец Гевгелија- Негорци;
- среда, 05.10.2022 година, 08:00-16:00 часот, армирање и бетонирање на подна плоча на шахта SC2;
- четврток, 06.10.2022 година, 08:00-16:00 часот, армирање и бетонирање на ѕидови на шахта SC2;
- петок, 07.10.2022 година, 08:00-16:00 часот, монтажа на лиено-железен капак тежок тип и завршни работи.
Општина Гевгелија апелира до сообраќајниците да го пренасочат своето сообраќајно движење.