Ново теренско противпожарно возило за ТППЕ- Гевгелија
ТППЕ- Гевгелија доби ново теренско возило со водна пумпа
за справување со пожари. ТППЕ- Гевгелија ова возило го доби од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, во рамките на акцијата за набавка на нови возила за 14 територијални противпожарни единици во државата, со цел подобрување на техничката опременост при интервенции и подигање на нивото на подготвеност на противпожарните служби. Набавката на возилата чини 42,5 милиони денари.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изрази благодарност до заменик-директорот на ДЗС, Зулфиќар Зејнулаи за доделувањето на возилото. Имено, на заедничка работна средба во април, согласно изнесените потреби на припадниците на ТППЕ- Гевгелија, од страна на градоначалникот Сарамандов беше побарано во најбрз временски рок противпожарната служба во Гевгелија да добие ново противпожарно теренско возило поради навремено справување со пожари на подрачјата која ги опслужува ТППЕ- Гевгелија.