Утре, културни настани за 7 Ноември- Концерт на ООМУ „Васо Карајанов“ и Изложба на ДЛУГ
Од репертоарот на културни настани за одбележување
на Општинскиот празник, утре (3 ноември, 2022 година), ќе бидат одржани Концерт на ООМУ„Васо Карајанов“ и Изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија. Во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, целовечерниот Концерт на класична музика, на кој ќе настапат учениците од Музичкиот оддел при ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, ќе започне во 19 часот. На програмата, ќе бидат застапени 12 дела од различни композитори, а ќе бидат изведени на музичките инструменти што се изучуваат во Музичкото училиште- пијано, виолина, флејта и кларинет.
Веднаш по Концертот, во 20:00 часот, во Клуб-галеријата на Народниот театар- Гевгелија, ќе биде отворена Ликовната изложба, на која ќе бидат застапени дела на 17 ликовни уметници од Гевгелија. И, тоа, на: Боро Петров, Перо Кованцалиев, Александар Јанев, Анамарија Мириќеска Кал’чева, Адриана Манчева, Атанас Крстев, Вангел Срнаков, Гордана Петрова, Драги Хаџи-Николов, Иван Кал’чев, Јордан Јанев, Катерина Чугунска, Мирјана Крстева Массетти, Михаил Петров, Никола Бутров, Сотир Хаџи-Никола и Фиљо Танов.