Поделени 350 новогодишни пакетчиња на дечиња од општина Гевгелија
Денеска, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
им додели новогодишни пакетчиња на дечињата од социјално-ранливите семејства што Општина Гевгелија секоја година традиционално ги обезбедува како активност од Програмата за социјална заштита. Пакетчињата беа поделени на 50 дечиња од социјално-ранливи семејства, по добиен список од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа- Гевгелија. Исто така, пакетчиња беа поделени и на штитениците на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Гевгелија, при посетата на градоначалникот Сарамандов по повод Новата година.
Новогодишни пакетчиња добија и сите првоодделенци во гевгелиските основни училишта, кои при посетата во училиштата им беа поделени од градоначалникот Сарамандов заедно со претставник од фирмата „Ветеринар“. Имено, и годинава „Ветеринар“ не изостана од традицијата- по десетти пат да донира пакетчиња за првоодделенците, за што Градоначалникот изрази благодарност за покажаната општествена одговорност.