Целосно асфалтирана улицата „Никола Карев“ во Гевгелија по изградбата на атмосферската канализација
По изградбата на атмосферската канализација, заврши
и целосното асфалтирање на улицата „Никола Карев“- Гевгелија, со што истоимената улица доби нов лик. Притоа, во текот на изведбените работи за асфалтирање, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов изврши увид, повторувајќи го неговиот апел до граѓаните за трпеливост додека течат градежните работи за поставување атмосферска канализација со вкупна должина од 6.388 метри, покривајќи една третина од градот.
- Станува збор за проекти кои се од огромно значење за Гевгелија и со кои се решаваат децениски проблеми на сите нас. Градежните активности се одвиваат на повеќе места низ Гевгелија и во одредени моменти го отежнуваат нормалното движење во сообраќајот, за што е потребна трпеливост, истакна во својот апел, Сарамандов.