22. седница на Советот на Општина Гевгелија ќе биде одржана на 30 јануари
На 30 јануари, 2023 година, Советот на Општина Гевгелија
ќе ја одржи својата 22. седница. На првата седница во 2023 година, Советот на Општина Гевгелија ќе расправа по Предлог-Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на план на програми и развој на Општина Гевгелија за 2023 година, Предлог-Одлуката за зголемување и пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година и неколку Предлог-Програми на Општина Гевгелија за 2023 година во рамките на своите надлежности. Пред Советот ќе уследат и неколку иницијативи за изработка на УП, како Извештаите за корисниците на буџетски средства од минатогодишните Програми за финансирање на спортските и културните активности, месните заедници и невладините организации и здруженија. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. На 22. седница, Советот ќе работи по следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на план на програми за развој на Општина Гевгелија за 2023 година,
2. Предлог-Одлука за зголемување и пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година,
3. Предлог-Програма за комуникација и транспарентност во Општина Гевгелија за 2023 година,
4. Предлог-Програма за еднакви можности на Општина Гевгелија за 2023 година,
5. Предлог-Програма за активностите од областа на заштитата и спасувањето со кризи на подрачјето на општина Гевгелија за 2023 година,
6. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија за 2022 година,
7. Предлог-Програма за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија за 2023 година,
8. Предлог-Програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина гевгелија за 2023 година,
9. Предлог-Програма за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2023 година,
10. Предлог-Програма за измена и дополнување на Годишната програма за изработка на урбанистичките планови во општина Гевгелија за 2023 година,
11. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Измена и дополнување на дел од Блок 3 од УПВНМ за мултинаменски стопански комплекс на потегот- Гевгелија- ГП „Богородица“, општина Гевгелија,
12. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација на г.п. 7. 5. 2. 04 Блок 7- Гевгелија (КП бр. 2886/2 КО Гевгелија), општина Гевгелија,
13. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за градби со намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија на делови од КП 7535/1, 7529, 7535/2, 7538 И 7539 КО Гевгелија,
14. Предлог-Одлука за исплата на финансиска помош за лицето Елизабета Гуцева за медицински третман во приватна клиника во странство,
15. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за остварувањето на слободен пристап до информациите од јавен карактер во 2022 година,
16. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишните извештаи од сите корисници на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмите и проектите од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2022 година,
17. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишните извештаи од сите корисници на финансиски средства од Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2022 година,
18. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишните извештаи од сите корисници на финансиски средства од Програмата за финансирање проекти, манифестации и значајни настани на месните заедници во општина Гевгелија за 2022 година,
19. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишните извештаи од сите корисници на финансиските средства од Програмата за финансиска поддршка на НВО- секторот од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2022 година,
20. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија,
21. Предлог-Решение за давање согласност на Програмата за работните активности на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2023 година.