ООУ „Климент Охридски“- Миравци и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, добитници на грант за реализација на МИО активности
ООУ „Климент Охридски“- Миравци и
СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија се добитници на грант од Министертвото за образование и наука за реализација на активности кои придонесуваат за развој на унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта за учебната 2022/2023 година. Имено, ООУ „Климент Охридски“ во партнерство во ООУ „Атанас Нивичански“- Василево и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во партнерство со СЕПУГС „Арсени Јовков“- Скопје, каде наставата се изведува на македонски и албански јазик, во текот на учебната 2022/2023 година ќе го реализираат добиениот грант во висина од по 30.000 денари преку активности за одржлива меѓуетничка интеграција.
Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности, преку негувањето хармонични односи, темелени на почитување на разликите, притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество, со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училиштен амбиент.