Бетонирање нови улици и улични краци
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
беше во посета на населените места Негорци и Мрзенци, каде во тек е акцијата за бетонирање улици и улични краци. Освен во овие населени места, увид изврши и во Гевгелија, каде, исто така, во тек е изградбата на нови улици и улични краци. Притоа, оствари и средби со жителите за мапирање на проблемите со кои се соочуваат.
Во разговорите со жителите, истакна дека Општина Гевгелија ќе продолжи со реализација на проекти, со кои ќе бидат решени долгогодишните проблеми во сите населени места, како би се подобриле условите за нивно живеење.
Исто така, градоначалникот Сарамандов изврши увид и во населеното место Ново Конско, каде беше изградена влезната улица и тоа по барање на мештаните. Притоа, ја посети и црквата „Св. Димитриј“, каде во тек е уредувањето на внатрешноста на храмот со цртање на фреските и довршуваат градежните работи. Сарамандов истакна дека Општина Гевгелија ќе помогне во партерното уредување на дворот на црквата.