Промоција на проектот: „Изработка на Локална стратегија за лицата со попреченост“
На 23 мај 2023 година (вторник), во салата на
хотел „Аполонија“ (влез спроти зградата „Гортинија“), со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи настан за промоција на проектот: „Изработка на Локална стратегија за развој и подобрување на социјалниот живот, активната вклученост и квалитетот на животот на лицата со попреченост во општина Гевгелија“.
На настанот од страна на претставници на: Општина Гевгелија, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Гевгелија, Фондација „Ице Бегов“- Скопје, Фондација „Аполонија“- Гевгелија, Здружение „Национална алијанса за лица со посебни потреби“- Гевгелија и Заедница на инвалидски организации- Гевгелија, партнер-имплементатори на проектот, ќе бидат презентирани целите и проектните активности од областа на социјалната заштита, за мапирање на потребите на лицата со попреченост.
Реализацијата на проектот е со цел изработка на Локална стратегија, која во иднина ќе послужи за креирање социјални услуги согласно приоритетните потреби, а ќе бидат од корист за подобрување на животот на оваа ранлива категорија граѓани.