27. седница на Советот на Општина Гевгелија закажана за 30 мај
Советот на Општина Гевгелија, на 30 мај 2023 година,
ќе ја одржи 27. седница, на која ќе расправа по предлог- измените и дополнувањата на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија и по одлуки за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на проекти. Исто така, на седницата ќе се расправа и по предлог-акти за воспоставување меѓуопштинска соработка, како и по акти од областа на социјалната заштита, урбанистичкото планирање, Годишните планови за вработување во Општина Гевгелија и општинските училишта и финансиското работење на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. За работа на 27. седница, која ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година,
2. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на проект: „Изработка на техничка документација за поставување на фотоволтаични панели на образовни институции, детски градинки и градски пазар во општина Гевгелија“,
3. Предлог-Oдлука за поддржување/одобрување на проектот: „Изработка на техничка документација за поставување на фотоволтаични панели на образовни институции, детски градинки и градски пазар во општина Гевгелија“,
4. Предлог-Одлука за за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на проект: „Е-полначи за електрични возила: Техничка документација “,
5. Предлог-Одлука за давање согласност на Измената на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2023 година,
6. Предлог-Одлука за усвојување на Социјалниот план на Општина Гевгелија, 2023-2026,
7. Предлог-Одлука за формирање Локален совет за превенција во Општина Гевгелија,
8. Предлог-Одлука за давање на времено користење на недвижна ствар во сопственост на Општина Гевгелија,
9. Предлог-Одлука за утврдување предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Гевгелија, Општина Богданци и Општина Дојран,
10. Предлог-Одлука за утврдување потреба од прифаќање на иницијатива од барателот за изработка на Урбанистички проект (УП) за КП бр.6292 КО Гевгелија (барател: Трајче Букршлиев од Гевгелија),
11. Предлог-Препорака до УО на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија да изготви и донесе Одлука со која ќе ги ослободи од плаќање или ќе утврди повластени цени на производите и услугите за припадниците на безбедносните сили од Општина Гевгелија,
12. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија за 2024 година,
13. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Владо Кантарџиев“– Гевгелија за 2024 година,
14. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија за 2024 година,
15. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Ристо Шуклев“– Негорци за 2024 година,
16. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци за 2024 година,
17. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООМУ „Васо Карајанов“– Гевгелија за 2024 година,
18. Предлог-Решение за давање согласност на финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за период 01.01.2023 - 31.03.2023 година (кумулативно),
19. Информација од ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за состојбата и активностите за кучињата скитници во општина Гевгелија,
20. Информација од ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за состојбата со снабдување со вода за пиење во населените места во општина Гевгелија,
21. Информација од ЈУМЦСР- Гевгелија за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанции кај младите во општина Гевгелија.