ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија продолжува со уредувањето зелени површини
ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, изминатиов период, продолжи
со акцијата за уредување на зелените јавни површини пред станбените комплекси и пешачки зони. Имено, обновени се зелените површини околу реконструираните пристапни патеки кај станбената зграда на улица „Гоце Делчев“- Гевгелија и каналот „Рауљ“- Гевгелија откако беше бетониран другиот крај помеѓу одводниот канал. Покрај акцијата за уредување на зелените површини, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ја реализира и акцијата за ревитализација на урбаната опрема- дрвените клупи за одмор на граѓаните поставени на разни локации во Гевгелија.
Согласно Програмата за работните активности, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ги одржува јавните паркови во Општина Гевгелија, чија површина изнесува 38.000 м2 и зелените појаси околу станбените згради, чија површина изнесува 45.680 м2. Покрај одржувањето на зелените површини во градот, ЈПКД „Комуналец“ се грижи и за зелените површини и во населените места. За што редовно се врши набавка на потребните средства и материјали, како и произвeдува сезонско цвеќе, од кое 20.000 садници пролетно цвеќе.