Крводарителска акција на ОО Црвен крст- Гевгелија за ОВР- Гевгелија
ОО Црвен крст- Гевгелија во соработка
со Институтот за трансфузиона медицина организира крводарителска акција за ОВР- Гевгелија. Имено, оваа крводарителска акција ќе се одржи на 31 мај 2023 година, во ЈОУ Пионерски дом- Гевгелија, на која покрај припадниците на полицијата, крв можат да даруваат и сите граѓани на општина Гевгелија. Крводарувањето ќе трае 5 часа, односно од 10:00 до 16:00 часот.
Сите кои сакаат да го дадат придонесот во успехот на крводарителската акција, треба да го најават своето учество на тел. број: 077 750 120.
„Дојди, дарувај крв и спаси нечиј живот“ е мотото на оваа крводарителска акција, првенствено наменета за ОВР- Гевгелија.