Утре, отворен ден за промоција на наставните планови и програми на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во пресрет на претстојниот упис на ученици
Во рамки на распишаниот Јавен конкурс за упис на
ученици во прва година средно образование, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија организира отворен ден за запознавање на наставните планови, програми и новите можности што ги нуди Училиштето. Отворениот ден ќе се одржи утре (30 мај 2023 година), во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, од 11:00 до 14:00 часот.
Согласно наставните планови и програми, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, во учебната 2023/2024 има 295 слободни места за упис на ученици во прва година, распоредени во 10 паралелки, со настава на македонски јазик. Од кои:
- 3 паралелки Гимназиско образование- 102 ученика, 4-годишно образование, 60 поени минимум;
- 1 македонско-англиска билингвална паралелка- 34 ученика, 4-годишно образование, 60 поени минимум;
- 2 паралелки со 50 ученика во Угостителско-туристичка струка, од кои 1 паралелка со 25 ученика, профил Хотело-туристички техничар, 4-годишно образование, 45 поени минимум и 1 паралелка со 25 ученика, профил Келнер и готвач, 3-годишно образование, 45 поени минимум (соработка со ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, ДПТУШ БОКО ДООЕЛ, ПРИНЦЕС ГРУП ДОО-РАМАДА ПЛАЗА ХОТЕЛ Гевгелија, ФЛАМИНГО МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија, МД ТОП ГРУП 2018 ДОО, ЗУ Природно лекувалиште Негорски Бањи);
- 1 паралелка со 25 ученика, Економско- правна и трговска струка, профил Економски техничар/бизнис, 4-годишно образование, минимум 60 поени (соработка со КАМ ДОО, Фонд за здравствено осигурување, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија и со Општина Гевгелија);
- 1 паралелка со 25 ученика, Здравствена струка, профил Гинеколошко-акушерска сестра и физиотерапевски техничар, 4-годишно образование, 70 поени минимум (соработка со ЈЗУ Општа болница Гевгелија, Негорски Бањи АД Гевгелија, ПЗУ ДЕЈНЕКА);
- 2 паралелки со 59 ученика, Машинската струка, од кои 1 паралелка со 25 ученика, профил Машински техничар за моторни возила, 4-годишно образование, 45 поени минимум ии 1 паралелка со 34 ученика, профил Автомеханичар- заварувач, 3-годишно образование, минимум 30 поени (соработка со ДПТ ДОЈРАН СТИЛ, КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ДООЕЛ Гевгелија, МОТО ПРОМ ДООЕЛ Гевгелија, ВИДИА Ване ДООЕЛ, АМД Гевгелија ДОО, ЦТП ГРУП ДООЕЛ, ДТ ПЕТ НЕТ ДОО, ДПТУ ФЕЛИКС НЕТ, ДПТУ ЛЕВСКИ ДООЕЛ).
Согласно објавениот Конкурс, пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок, со две пријавувања во јуни 2023 година преку порталот за електронски услуги на МОН: https://e-uslugi.mon.gov.mk, со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk. Првото пријавување на учениците ќе биде на 20 и 21 јуни, a второто пријавување на 27 и 28 јуни.