Одржана првата Инфо-сесија во Гевгелија за иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор
Во рамки на проектот: „Иновации, развој и вработување во
земјоделскиот сектор“ на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција - Република Северна Македонија, за програмскиот период 2014 - 2020“, денеска, се одржа првата Инфо-сесија со цел да се информираат сите заинтересирани претприемачи како да аплицираат на Повикот за учество во проектот и пријавување иновативни идеи во земјоделско-прехранбениот сектор. Првата Инфо-сесија ќе се реализира и во Валандово и Богданци.
Целта на проектот е да се идентификуваат, поддржат и започнат нови бизниси во земјоделско-прехранбениот сектор, кои имаат иновациски потенцијал и можат да станат мултипликатори, кои ги искористуваат предностите и потенцијалите на регионот.
Проектот го имплементира Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии - Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште - Колеџ Перотис од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој од Скопје, а е финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички.