Oпштина Гевгелија аплицира за изработка на техничка документација за проекти од областа на животната средина
Општина Гевгелија ќе обезбеди сопствено учество од
Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година за реализација на проектите: „Изработка на техничка документација за поставување фотоволтаични панели на образовни институции, детски градинки и градски пазар во општина Гевгелија“ и „Е-полначи за електрични возила: Teхничка документација“ - одлучи Советот на Општина Гевгелија на денешната 27. седница.
Имено, Општина Гевгелија, самостојно и преку ЈИПР, со овие проекти аплицира на отворениот Јавен повик за финансирање техничка документација за инфраструктурни проекти на Фондот за техничка инструментација во рамки на проектот на УНДП: „Јакенење на општинските капацитети за имплементација на проекти- Фаза 2“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и Бирото за регионален развој.
Сопственото учество на Општина Гевгелија за „Изработка на техничка документација за поставување фотоволтаични панели на образовни институции, детски градинки и градски пазар“ ќе изнесува 20% или 3915,54 американски долари во денарска противвредност од вкупната проценета вредност 19.577.72 американски долари во денарска противвредност. Додека, за „Е-полначи за електрични возила: Техничка документација“ во рамки на ЈИПР, учеството на Општина Гевгелија изнесува 20% или 1.888 американски долари во денарска противвредност од вкупната вредност на проектот чија висина изнесува 9.440 американски долари во денарска противвредност.