Апел до граѓаните за заштита од пожари во летниот период
Заради претстојната летна сезона и поголемата можност
за настанување пожари, ТППЕ- Гевгелија и Општина Гевгелија апелираат до граѓаните на општините Гевгелија. Богданци и Дојран за преземање мерки за претпазливост. Се предупредуваат патниците кои патуваат со автомобилски или железнички превоз да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари преку прозорците за да не се предизвикаат пожари долж патните комуникации. Да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад. Да се избегнува неправилно складирање на запаливи течности, гасови и цврсти запаливи материи.
Лицата кои во периодот на зголемени надворешни температури мораат да спроведуваат работни активности во пошумени или други локации и да не ги палат стрништата за да не дојде до опожарување на околината, а останатите да се воздржат од какво било палење оган на отворено. Сопствениците на напуштетните приватни парцели редовно да ја искосат сувата вегетација, а сопствениците на викендици, штали и други видови објекти да ги зголемат мерките на претпазливост.
Се замолуваат граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 193, 112 и на 034/211-881.