Средба на градоначалникот Сарамандов со членови на АК „7 Ноември“- Гевгелија
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
оствари средба со неколку членови на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, на која стана збор за поготовките на годишната „Седмоноемвриска трка“. Имено, годинава, GЕVGELIJA RUN, ќе биде одржана на 4 и 5 ноември, во пресрет на Општинскиот празник, 7 Ноември. Градоначалникот Сарамандов ја изрази својата поддршка, имајќи го предвид фактот за успешната организација на трката во 2022 година, на која, покрај од Македонија, учествуваа натпреварувачи од странство. Но, и успешната организирана детска трка, за што им беа упатени честитки на членовите.
АК „7 Ноември“- Гевгелија му врачи Благодарница на градоначалникот Сарамандов за минатогодишната поддршка на Седмоноемвриската трка преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2022 година. Кој спортски настан и е опфатен и во годинашната Програмата за финансирање на спортските активности, со цел да прерасне во традиционален и од година во година со поголем број учесници.