Делегација од Општина Гевгелија во посета на општина Копривнички Иванец во Хрватска
Делегација од Општина Гевгелија, предводена од
заменик- градоначалникот и член на Советот на Општина Гевгелија, Сашко Стојиловски, беше во посета на Општина Копривнички Иванец во Република Хрватска, по повод Општинскиот празник и 30-годишниот јубилеј од нејзиното постоење. Стојиловски, на свечената седница која се одржа во Центарот на заедницата, имаше свое обраќање, во кое ги пренесе честитките од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, до градоначалникот на општина Копривнички Иванец, Зоран Врбељ и до граѓаните на Копривнички Иванец за Општинскиот празник, а во знак на благодарност беа разменети и подароци.
Поканата до Општина Гевгелија да присуствува на одбележувањето на Општинскиот празник на Општина Копривнички Иванец се должи на запознавањето на двајцата градоначалници за време на годинашната културно-уметничка манифестација „Ѓура Мара“ во Миравци, на која средба беа разменети искуства и изразен интерес за соработка помеѓу двете општини.