Исчистена депонијата кај Негорци
ЈПКД„Комуналец“ организираше чистење на дивата депонија кај Негорци.
Комуналните работници со механизацијата во акцијата го затрупија и исчистија целиот отпад, кој се расфрла не само на предвидената локација за депонирање на отпадот, туку и пошироко. Веднаш потоа уреден е заштитен појас околу просторот за депонирање на отпад заради превентивна заштита од потпалување на отпадот и ширење на огнот.
Оваа втора по ред акција што ја изведува ЈПКД„Комуналец“, кој и минатата година вршеше чистење и уредување на депонијата кај Негорци. Пред сѐ, заради заштита од нејзино потпалување и предизвикување на пожари. Меѓутоа, и покрај бројните апели до жителите на Негорци, но и патниците кои патуваат за Серменин и падините на Кожуф планина, несовесното расфрлање на комуналниот отпад надвор од предвидената локација, продолжува.
Надлежните инспекциски служби најавија засилена контрола на оваа, но и другите депонии во општината.