Комплетно покриена со патна и комунална инфраструктура улицата „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
Во Гевгелија, улицата „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
е целосно асфалтирана по завршувањето на изведбените работи за новата атмосферска канализација. Изградбата на атмосферската канализација и целосната реконструкција на оваа улица е дел од проектот за покривање на една третина од јужниот дел на градот со атмосферска канализација. Улицата „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, во должина од 560 метри, се наоѓа во Урбан блок 5.4 и 1.4, крај Градскиот стадион, а по завршените изведбени работи е комплетно уредена со патна и комунална инфраструктура.
Како што истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по извршениот увид во завршната фаза за изградба на „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, градежните активности за поставувањето на атмосферската канализациона мрежа и враќање на останатите раскопани улици во јужниот дел на градот во првобитната состојба се во тек, за што упати повторно апел до гевгеличани за трпение, бидејќи реализацијата на проектот е скоро при крај, а е од големо значење за решавање на долгогодишните проблеми со неслевањето на атмосферските води по обилните дождови.