Повторена ЈП и ЈА за ДУП, Блок 12, Општина Гевгелија (пл. пер. 2019-2024)
Општина Гевгелија организира повторена
јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за Блок 12, општина Гевгелија, плански период 2019-2024 година. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 8 август 2023 година (вторник), во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 12 часот. Деталниот yрбанистички план за Блок 12, општина Гевгелија ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и јавната анкета ќе трае 5 работни дена, односно од 8.8. до 16.8.2023 година, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Деталниот-Урбанистички за Блок 12, општина Гевгелија, плански период 2019-2024 зафаќа површина од 115,282 ха. Границата на планскиот опфат е дефиниран со следните граници:
- од север е дефинирана по осовината на магистралната сообраќајница булевар „Гевгелија“ и продолжува на североисток по осовина на регионален патен правец Р 1102,
- од исток е дефинирана по осовина на регулирано речно корито на река „Раул“ и продолжува по осовина на водотекот на коритото на реката Вардар, каде што во целост се совпаѓа со границата на планскиот опфат на ГУП Гевгелија 2011-2021,
- од југ е дефинирана по осовината на водотекот на Сува Река и
- од запад границата се движи по осовина на постојните сообраќајни улици „Железничка“ и „Борис Кидрич“ и во пресечна точка се спојува со осовина на магистралната сообраќајница булевар „Гевгелија“.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забeлешки, предлози и мислења на анкетните листови, коишто можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.